ТЕХНИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Во рамките на техничкото обезбедување нудиме: • Системи за видеонадзор • Алармни системи • Противпожарни системи • Технички мониторинг 24 ч. • Системи за контрола на пристап • Системи за регистрација на работно време • Метал – детекторска опрема и X – ray (рендгенски) уреди • EAS системи (електронска заштита на артикли од кражба во работно време) • GPS системи (глобално сателитско позиционирање)

Системите за видеонадзор се неизоставен сегмент на техничкото обезбедување на објекти. Обезбедуваме различни типови објекти, од едноставни до сложени системи, од домашни до корпоративни објекти. Видеонадзорот претставува телевизиски систем во затворен круг со прецизно архивирање видеозаписи на случувањата и прецизните временски термини во просторот што се набљудува. Системот се состои од камери, монитори, рекордери. Како визуелен систем на обезбедување се користат професионални камери за надгледување. Голем асортиман на различни типови на камери (аналогни, дигитални, мегаикселни, IP камери и др.) со врвна технологија и нивна комбинација, гарантираат изведување оптимални решенија по барање на корисникот, со извонредни технички перформанси.

Видеонадзорните системи имаат двојно дејство: • Превентивна, дејствуваат психолошки на субјектот и објектот што се набљудува и значајно го намалува процентот на престапи • Доказен видеозапис со кој може да се идентификува сторителот.

Алармниот систем е електронски систем за противповална заштита и претставува неопходно внатрешно обезбедување на објектите. Алармниот систем го сочинуваат низа детектори (детектори на движење, детектор за периметарска заштита, детектори за кршење стакло, детектори на вибрации, чад, гас, вода и многу други).Детекторите ја детерминираат состојбата преку вграден дигитален комуникатор на обезбедуваниот објект, давајќи сигнализација за точниот статус на објектот.

Предноста на нашите алармни системи SATEL е можноста за комплетна автоматика на командните упатства на индустриски и на станбени објекти, управувани преку софтвер или мобилен телефон(управувањеелектрична енергија – светло, далечински управувач за пристап, отворање и затворање врати, управување лифт, командна функција за парно греење, автоматско исклучување и вклучување прскалки за наводнување и многу други).

Инсталираниот електронски систем е поврзан со оперативен мониторинг центар, кој подразбира 24 часовна услуга со далечинско мониторирање на алармниот систем и правовремена интервенција.

Противпожарните системи претставуваат дел од електронско-техничката заштита во функција на детекција и дојава на пожар. Противпожарниот систем претставува далечински надзор, кој функционира на принципот на поврзаност на противпожарните уреди вградени на заштитуваниот објект со нашиот мониторинг-центар.

Ако дојде до алармна ситуација, мониторниг -центаротго насочува интервентниот тим на мобилно обезбедување кон загрозениот објект, со едновремено известување на корисникот, полицијата, Брзата помош и противпожарната служба.

ВАШИОТ ПРСТ Е ВАШИОТ КЛУЧ! Системи за контрола на пристап. Главен дел на секој безбедносен систем е системот за ограничен пристап. Системот за ограничен пристап овозможува точна идентификација на поединците што имаат дозволен пристап до одредени делови на заштитениот простор. Современиот систем за контрола на пристап се базира на информатичка технологија на повеќе напредни идентификациски технологии: биометрија, картички, бесконтактни далечински управувачи, тагови и многу други.

Целта на Системот за евиденција на работно време е следење и регистрирање на присутноста на вработените на работните места, паузите, деловните и приватните излегувања. Се регистрираат времето на пристигнување на работа, користењето паузи, индивидуални напуштања на работно место. Уредот за евиденција на работното време е поврзан со компјутерска програма која ги бележи сите вчитани податоци и ги обработува.

За објектите чија намена бара детектирање оружје и други несакани метални предмети, нудиме метал-детекторска опрема погодна за државни владини и невладини објекти, амбасади, конзуларни претставништва, сообраќајна индустрија, музеи, забавни клубови, дискотеки и многу други. Метал-детекторските машини имаат специфична примена и во технолошко-прехрамбената, фармацевтската и во други типови индустрии.

X-ray машините служат за комбинирана органско-неорганска детекција на предметите (експлозивни направи, опојни дроги и друго). Наоѓаат широка примена и се погодни за сите објекти.

ЕАС системите (Electronics Article Surveillance) служат за електронска заштита на производи од кражба во работното време на објектот. Особено се погодни за обезбедување на продажбените објекти (хипермаркети, маркети, бутици, парфимерии, бижутерии, оптики, складишта и др). ЕАС системите можат да бидат: електромагнетни, акустичномагнетни, радиофрекфентни уреди аплицирани врз производите. Ако заштитниот производ помине покрај уредот за детекција, кој е составен дел на системот, без претходно да биде отстранет уредот за заштита, се активира алармниот уред.

Производи што најчесто се заштитуваат со ЕАС системите се : • Алкохолни пијалаци • Кондиторски производи • Козметички производи • Кожена галантерија • Електронска опрема • Аудио и видеоопрема и цедиња • Гардероба • Свежа храна • Фармацевтски производи • И многу други... ЕАС системите се стандардна опрема за заштита на продажбените објекти во земјите на Западна Европа.

ГПС системите(Global Position System) се најсовремен сателитски радионавигациски систем наменет за глобално позиционирање. Тоа е систем за одредување на точната локација, брзината на движење и точниот временски интервал нанабљудуваниот објект.

Персонален ГПС систем со паник-тастер претставува уред со мали димензии соодветни за позиционирање на субјектот и со можност за активирање на алармниот сигнал преку паник-тастерот.

ГПС системите се мултифункционални и овозможуваат брза и навремена реакција во одредени ситуации (давање итна медицинска помош, обезбедување на субјектот, помош на пат и многу други намени).

Системите за глобално сателитско позиционирање се во согласност со нашата одредба за постојано следење на светските трендови од областа на обезбедувањето.


20
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial